Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Без Шкупи и Шкендија во полуфиналето, Божиновски херој на Силекс!

Куп на Македонија: Без Шкупи и Шкендија во полуфиналето, Божиновски херој на Силекс!

Денес на програмата во македонскиот фудбал беа дуелите од ¼ финалето во купот.

Дуелот Пелистер – Вардар се одложи поради снегот во Битола и истиот ќе се одигра на 15. декември. На сите три останати дуели победникот го добивме после изведувањето на пенали.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Кратов се сретнаа Силекс и Брегалница. Ѓокиќ ги доведе штипјани во водство на почетокот од второто полувреме, а само десетина минути подоцна Каланоски го изедначи резултатот. Тие 1:1 се покажаа и како конечен резултат, па се изведуваа пенали.

На двете страни имаше одлични голмани, Даниел Божиновски кај Силекс и младиот Денковски кај Брегалница кој е репрезентативен голман на репрезентацијата до 21 година. Сепак, во пеналите Божиновски беше поуспешен и одбрани два пенали, па така бранителот на трофејот продолжува во полуфиналето.

Лидерот Шкупи го заврши настапот во купот откако доживеа елиминација во Ѓорче. Немаше голови во регуларните 90 минути. Во пенал рулетот за Шкупи не реализираа Радески и Фреди Алварез, па така Муарем Бајарами го елиминираше „својот“ Шкупи.

Елиминација доживеа и Шкендија. Во Тетовго по пенал рулетот откако исто така беше 0:0 се радуваа гостите од Струга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…