Дома Фудбал Куман: Пике е паметен, знае зошто зборуваше за проблемите пред „Ел Класико“

Куман: Пике е паметен, знае зошто зборуваше за проблемите пред „Ел Класико“

Роналд Куман утре од 16:00 часот ќе ја води Барселона во неговото прво „Ел Класико“, меѓутоа пред мечот се зборува најмногу за интервјуто на Пике.

Пике потпиша нов договор до 2024 година, а на само еден ден пред „Ел Класико“ даде интервју во кое го критикува претседателот Бартомеу.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мојот однос со претседателот може да биде срдечен. Но, лудост е што клубот потроши пари за нас да не критикуваат“, изјави Пике за аферата во која Бартомеу ангажираше агенција на друштвените мрежи да ги критикува играчите, за тој да биде „чист“. Еден од главните соработници во тоа на Бартомеу беше Жаум Масферер.

„Тоа што тој се уште работи за клубот е навистина болно“, призна Пике.

Го критикуваше и начинот на кој Барса ги намали платите.

„Обликот кој клубот го користеше е навистина лош. Воопшто не се сложуваме. Сепак, Барса ми даде се, па поради клубот се ставив на располагање“.

Куман пред мечот го коментираше интервју на Пике за кое се зборува во Шпанија.

„Тој тука е низа година, а јас сум само три месеци. Пике има свое мислење и јас го почитувам. Паметам и знае зошто го изјавил тоа пред мечот со Реал. Ќе биде во составот без разлика што кажал и знам дека ќе одигра добро“, порача Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…