Луис Суарез изминатото лето ја напушти Барселона и се реши кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид иако и самиот не можеше да очекува дека тоа ќе се случи.
Уругваецот одлично играше во дресот на каталонскиот клуб, но потоа сега веќе поранешниот претседател на Барселона Хозе Марија Бартомеу и тренерот Роналд Куман донесоа одлука дека Суарез е непотребен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И денес ова изгледа како голема грешка на Барселона затоа што Суарез на 11 натпревари постигна осум голови за Атлетико, додека Барселона игра под нивото и се наоѓа на шестото место на табелата. Атлетико е лидер со два бода повеќе од Реал, но „јорганџиите“ имаат и два натпревари помалку.
Куман и покрај ваквата ситуација тврди дека не се кае.
„Не се каам што го отпишав Суарез. Одлуката беше таква и тоа е тоа. Не можете да не споредувате со Атлетико Мадрид , тие се тим кој прима малку голови и често пати и еден гол им е доволен да победат“, изјави Куман.