Репрезентацијата на Хрватска вчера по продолженија ја совлада Холандија со 2:4 и така се пласираше во финалето од Лигата на Нации каде што ќе игра против подобриот од денешното полуфинале помеѓу Италија и Шпанија.
По натпреварот Роналд Куман имаше џентлменски потег кога дојде до Модриќ и го пофали, но даде и по малку бизарна изјава.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сакаш да играш финале и не успеваш во тоа. Секако дека не си расположен. Мислам дека имавме добар пристап во продолжение. Првото полувреме беше повеќе од добро, но второто не. Хрватска на средината од теренот го контролираше натпреварот. Не знам што аналитичарите очекуваа. Да ја растуриме Хрватска? Третата репрезентација во светот…“.
„Немојте да ги игнорирате добрите работи. Хрватска покажа зошто е трета во светот, веќе долго време играат заедно. Ние не бевме внимателни и тоа направи разлика. Се сложувам дека примивме премногу голови. Не ги бројам последните два затоа што ги примивме во продолженија кога преземавме поголем ризик“, изјави Куман.