Дома Фудбал Куман: Кутињо бвеше навистина добар, секогаш верував во него

Куман: Кутињо бвеше навистина добар, секогаш верував во него

Тренерот на Барселона, Роналд Куман после победата на својот тим над Валенсија изјави дека секогаш верувал во оспоруваниот Фелипе Кутињо кој вчера беше стрелец на третиот гол во 85. минута.

„Задоволен сум од играта на својот тим. Кога Кутињо влезе во игра беше навистина добар. Со неговата слбоода би можеле подобро да ја контролираме играта. Тој знае како да постигнува голови. Направи важен чекор, јасно се гледа дека физички е се подобар и подобар“, изјави Куман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Слична е ситуацијата и со Ансу Фати.

„Идентична е ситуацијата со него. Дали двајцата ќе добијат поголема минутажа зависи само од формата во која се наоѓаат. Тоа не е прашање на квалитет, никогаш не сум го доведувал во прашање“, истакна стратегот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Десетмина од Ман Сити храбро се бореа, но немаа шанси против Реал Мадрид

Манчестер Сити загуби со 1:2 на реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Ре…