Тренерот на Барселона, Роналд Куман на прес-конференција пред натпреварот против Атлетик Билбао го најави првото заминување од клубот јануарскиот преоден рок.
„Карлес Алења има дозвола да го напушти клубот. Кога се ќе биде готово ќе можам да дадам мислење, но постојат играчи кои можат да одлучат дали сакаат да останат или да си заминат. Тој самиот бараше да си замине“, изјави Куман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алења е 23 годишен играч за врска кој оваа сезона одигра само пет натпревари за Барселона во сите натпреварувања. Во вториот дел на минатата сезона беше на позајмица во Реал Бетис, но на лето се врати во матичниот клуб.
Сепак, во Барселона не се наигра и ќе оди на нова позајмица. „Мундо Депортиво“ вчера објави дека Алења се договорил со Гетафе каде што ќе игра до крајот на сезоната. На маса тој имал уште две понуди од Ла Лига и една од Серија А, но сепак се одлучил за мадритскиот клуб.