Барселона во третиот натпревар оваа сезона во Премиер лигата ги испушти првите бодови. На „Камп Ноу“ вчера гостуваше Севиља и остана непоразена (1:1).
Тренерот на Барселона Роналд Куман после натпреварот го означи Антоан Гризман како еден од виновниците што неговиот клуб не победи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Гризман имаше две одлични шанси и мораше да постигне барем еден гол. Мораше“, изјави Куман.
Барселона во три кола постигна осум голови, а Гризман не учествуваше во ниту еден и сигурно тоа за францускиот напаѓач не е добро. Не блескаше ниту минутата сезона кога на 48 настапи постигна 15 голови и подели четири асистенции. Затоа Барса во последниот преоден рок се обидува да го доведе Мемфис Депај од Лион.