Дома Трансфер зона Куман бара две зимски засилувања

Куман бара две зимски засилувања

Барселона оваа сезона не остварува добри резултати под водство на Роналд Куман, па медиумите силно го критикуваат холандскиот стратег.

Куман не ги доби посакуваните засилувања во летниот преоден рок, но како што пишува „Мундо Депортиво“ тој ќе бара две засилувања во зимскиот преоден рок.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Најголема трансфер желба на Куман уште во летниот преоден рок беше Мемфис Депај, кој е на излезна врата од Лион.

Холанѓанецот бара и засилување во одбраната, а најголема желба е Ерик Гарсија од Манчестер Сити.

Двајцата фудбалери се во последната година од договорот со клубовите, па Барселона не би требало да има проблеми да ги доведе на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…