Изминатиот викенд во кој немаше прволигашки фудбал поради репрезентативната пауза на македонските терени внимание привлече дербито од Третата лига помеѓу Шкендија Арачиново и Куманово.
Куманово веќе претходно информираше дека фудбалерите на стадионот добивале закани по живот, дури и од редарите. Сега тие објавија видео во кое може да се виде дел од ситуацијата со која се соочиле.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На видеото се гледа и удар во стомак од страна на домашен фудбалер.
„Тоа што го кажавме сега може да се види, значи ова се случува пред очите на судиите, кои биле заклучени пред во соблекувалната и им било заканувале. Судиите како и останати луѓе се од крв и месо и нормално дека подлегнале под притисок. Читаме коментари дека има многу храбри фудбалери, па еве повелете на некој ваков натпревар и играјте да ве видиме.Исто така има и коментари зошто не сме го напуштиле натпреварот, луѓе има судии и делегат на натпреварот на кои уредно ги рековме што се случило дека нашиот фудбалер е двапати удрен со тупаница, но тие ни рекоа да го почнеме натпревар.
Да кажеме дека пред почеток од полиција ни рекоа дека има најава дека публика ќе влезе во теренот да не нападне и ни дадоа насока каде да бегаме за да можат да не заштитат. За крај да ѝ порачаме на Шкендија да каже на кој стадион да одиграме натпревар без присуство на публика и редари да ви покажеме дека сме за две класи подобри од вас. Да не заборавиме дека се имаат јавувно на фудбалерите и на нивните семејства и им се заканувале. Луѓе каде живееме – во Македонија или во Колумбија. ГФК Куманово ветува дека секогаш ке играме фер и коректно, дека секогаш гостинските екипи и судии ке ги пречекаме најдомаќински и така ке ги испратиме“, се вели во соопштението на кумановскиот третолигаш“, стои помеѓудругото во објавата на Куманово.