Денеска македонската машка сениорска ракометна репрезентација ќе ги продолжи подготовките пред настапот на Европското првенство во Германија (10-28 јануари 2024). Македонија на континенталниот собир е во групата „А“ заедно со репрезентациите на Германија, Франција и Швајцарија.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе тренираат во Скопје каде на 4 и 5 јануари два пати ќе тестира против селекцијата на Грција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потсетување дека првиот дел од подготовките нашите најдобри ракометари ги имаа во Стара Пазова, Србија, каде покрај тренинзите, беше одигран и еден контролен меч против Црна Гора.
Еден од лидерите во македонската репрезентација, Филип Кузмановски, кој ги брани боите на актуелниот шампион РК Еурофарм Пелистер, за „Балкан Хандбал“ ги споделува очекувањата во пресрет на ЕП: