Дома Останати Кубацки со рекорд победи во Гармиш-Партенкирхен

Кубацки со рекорд победи во Гармиш-Партенкирхен

Полскиот ски скокач, Давид Кубацки со рекорд победи во Гармиш-Партенкирхен, втората скокалница од Новогодинешната турнеја „Четири скокалници“.

Кубацки до својата петта победа во кариерата стигна со скокови од 139 метри во првата, и рекордни 144 метри во втората серија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Второто место го освои водечкиот во генералниот пласман, Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, со скокови од 137 и 136 метри, додека место на подиумот имаше и за сонародникот на Кубацки, Пјотр Жила (129.5 и 137 метри).

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ се сели в недела во Инсбрук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…