Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос се враќа на „Алијанц Арена“ и во полуфиналето ќе игра против својот бивши клуб Баерн Минхен.
Германецот одлично го познава Јуп Хејнкес и ја откри тајната на неговите успеси со Баварците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе биде тежок меч. Тие се веќе шампиони и се во подобра форма во споредба со минатата година. Под раководство на Хејнкес се во добра серија, но се надевам дека ќе заврши утре. Атмосферата во соблекувалната е една од тајните на Јуп. Тоа е клучот за добрите игри“, открива Крос.
„Не можеш да купиш трофеј во Лигата на шампиони. Ние не трошиме многу на трансфер пазарот. Оваа сезона за нас ова е единствената шанса да освоиме трофеј. Пред две години бевме во иста ситуација и успеавме да триумфираме“, додаде Германецот.
? @ToniKroos atendiendo a los medios en la rueda de prensa previa al partido. #RMTV #HalaMadrid pic.twitter.com/ZrpDgWuc8c
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 24, 2018