Германскиот репрезентативец, Тони Крос покажа човечка големина после вчерашното финале од Лигата на шампионите.
Иако беше многу среќен бидејќи со Реал Мадрид уште еднаш ја освои Европа, мислите на Крос по натпреварот беа насочени кон оние на кои им беше најтешки – Дани Карвахал и Мохамед Салах.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сакам да заборавам да им посакам среќа на моите пријатели Дани Карвахал и Мохамед Салах, брзо опоравете се. Се надевам дека ќе се видиме на Светското првенство“, напиша Крос на својот Твитер профил.
Да потсетиме, првите информации за Салах се дека ќе биде спремен за две недели и дека тогаш ќе започне со тренинзите, додека за повредата на Карвахал се уште нема информации.
Don‘t want to forget to wish my friend @DaniCarvajal92 and @MoSalah a speedy recovery. Hope to see both at the world cup!
— Toni Kroos (@ToniKroos) May 27, 2018