Дома Фудбал Репрезентации Крос: Германија не е толку добра колку што мислат сите!

Крос: Германија не е толку добра колку што мислат сите!

Германскиот репрезентативец Тони Крос истакна дека „Панцирите“ треба да го искористат за да бидат на очекуваното ниво за Мундијалот.

Актуелниот светски шампион синоќа загуби од Бразил на домашен терен во пријателски натпревар. Тоа беше прв пораз за „панцирите“ после 22 натрепревари.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Малку подобро игравме во второто полувреме за разлика од првото, но негативните работи засенија се“, изјави незадоволниот Крос.

„Покажавме дека не сме толку добри колку што мислат другите луѓе. Беше премногу лесно да се игра против нас. Имаше неколку фудбалери кои требаше да го покажат својот потенцијал, но не го направија тоа. Изгубивме премногу топки на средината. Мораме уште многу да работиме“, изјави Крос.

Германија на Мундијалот ќе биде во група со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…