Пред неколку дена Фудбалскиот сојуз на соопшти дека Мохамед Салах е позитивен на коронавирус.
Оваа вест посебно го разочара Јирген Клоп бидејќи „црвените“ се соочуваат и со голем број повреди во тимто и вест за позитивниот тест на Салах дојде во најлош можен момент. Салах нема симптоми меѓутоа мора да биде во самоизолација.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Неиграњето на Салах е голем проблем за Египет затоа што тој е наш најдобар играч. Сепак, тој го ризикуваше своето и здравјето на соиграчите со неодговорното однесување. Беше на свадбата на неговиот брат каде што присуствуваа повеќе од 800 луѓе, половина од нив се гушкаа и поздравуваа со Салах. Во вакви околности не смееше тоа да си го дозволи“, изјави легендарниот египетски фудбалер Мидо.