ПСЖ на гости кај Реал Мадрид отпатува со водство од 1:0 и по 60 минути игра во Мадрид имаа водство за уште еден гол дополнително, но тоа не се покажа како доволно за пласман во четвртфиналето.
Реал Мадрид уште еднаш покажа дека е клуб со најголема традиција во ова натпреварување и со хет-трик на Бензема за 17 минути ги елиминираше ѕвездите од Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчите на ПСЖ во претходниот период добиваа критики, а кон нив се приклучи и поранешниот француски репрезентативец, Жером Ротен.
„Одговорни за овој пораз на ПСЖ се Нејмар и Меси. Тие треба да ја поделат одговорноста. Кога Леонардо ги доведе тие веднаш станаа легенди, платени се за такво нешто. Не ги напаѓам Верати, Данило Паредес или Мбапе, Мбапе беше единствениот опасен. Ги напаѓам другите двајца, тие се предавници! Едниот е измамник од кога дојде тука, срам ми е што го зборувам ова но тоа е реалноста“.
„Едниот само се шета по теренот и не се бори за топка, додека другиот ги изгуби сите топки. Кажувам другиот затоа што ми е тешко да го изговорам неговото име. Тој е катастрофа од кога дојде во ПСЖ“, порача Ротен.