Дома Останати Кошарка Крис Бош поради болест ја заврши кариерата!

Крис Бош поради болест ја заврши кариерата!

Крилниот центар на Мајами Хит, Крис Бош, дефинитиво е принуден да ја заврши кариерата, по заедничката проценка на лекарскиот тим на НБА лигата и асоцијацијата на кошаркари.

Двократниот НБА шампион и учесник на 11 Ол стар натпревари, последниот натпревар го одигра уште на 9.февруари 2016 година, кога му беше дијагностицирано згрутчување на крвта во организмот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во изминатиот период тој самиот неколку пати истакнуваше дека е подготвен да се врати, но раководството на тимот тоа не му го дозволи. На крајот НБА лигата се согласи со раководството на Мајами дека Бош повеќе не може активно да игра кошарка.

Крис Бош во НБА лигата пристигна од Џорџија Тек универзитетот. Во периодот 2003 до 2010 година играше за Торонто, а потоа се пресели во Мајами, каде освои две титули.

Во кариерата одигра 893 натпревари, запиша 17.189 поени, 7.592 скокови, 1.795 асистенции и 932 блокади. Со репрезентацијата на САД освои злато на ОИ во 2008 година во Пекинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ужасни вести за финалистите од НБА. Останаа без најдобриот играч за следната сезона

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС официјално потврдија дека нивниот најдобар играч, Тајрис Халибартон, ќе п…