Дома Останати Кошарка Крис Бош планира враќање во НБА лигата

Крис Бош планира враќање во НБА лигата

Поранешната ѕвезда на Торонто и Мајами, Крис Бош (34) планира да се врати во НБА лигата.

Еден од најдобрите крилни центри во НБА лигата во последните 15тина години мораше да се повлече пред две ипол години поради згрутчување на крвта и докторите му забранија да се занимава со кошарка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Бош не се откажува од кариерата и има намера повторно да се најде на паркетот во најсилната лига на светот и тоа веќе од февруари.

„Да, се уште размислувам за враќање. Сепак, сигурно е дека тоа нема да се случи до февруари. Се радувам на тоа, но се уште се обидувам да се опоравам од се што се случи. Се радувам на новите предизвици и знам дека се уште можам да играм квалитетна кошарка.“ – изјави Бош.

Тој освои два наслови првак со Мајами, а во кариерата уште го носеше дресот на Торонто. Во кариерата има просек од 19,2 поени и 8,5 скокови по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нови детали за состојбата на Јокиќ: Познат новинар откри кога Србинот се враќа на теренот

Никола Јокиќ кон крајот на годината на натпреварот против Мајами доживеа хиперекстензија н…