Поранешниот младинец на Вардар Кристијан Николовски се врќаа во таборот на најтрофејниот македонски клуб.




Фудбалерот за врска е едно од неколкуте засилувања оваа сезона. Пред него пристигнаа Филип Јаневски, Јован Попзлатанов, Симеон Христов…Николовски доаѓа од редовите на велешки Борец.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Кристијан Николовски е новото засилување за нашата екипа кој што повторно ќе го облече црвено црниот дрес. Играчот од средниот ред доаѓа од екипата на Борец и потпиша договор на една година“, објавија од Вардар




Вардар веќе ги започна подготовките за новата сезона, па така Николовски веднаш ќе се приклучи на тимот.