Дома Фудбал Останато Криза во португалски прволигаш: Фудбалерите одбија да тренираат!

Криза во португалски прволигаш: Фудбалерите одбија да тренираат!

Португалскиот клуб Боависта се соочува со проблеми откако фудбалерите одбиле да тренираат бидејќи не земале плата во изминатите три месеци.

Финансиската состојба во клубот е катастрофална, а фудбалерите се надеваат дека со одбивањето да тренираат ќе го примораат клубот да најде излез и решение од оваа ситуацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Следниот натпревар Боависта го игра против Жил Висенте на 30-ти декември, па останува да се види каква ќе биде ситуацијата во наредните денови.

Боависта во Португалија се смета за еден од најголемите клубови зад големата тројка Бенфика, Спортинг и Порто. Низ историјата долга 120 години освоија една титула во првенството, пет куп-трофеи и три Суперкупа.

Во овој момент тие се на 11-тата позиција на табелата, а имаа фантастичен почеток и беа лидери во првенството по пет кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал ангажира младинец на Тотенхем

Арсенал официјално го објави доведувањето на дефанзивецот од младинската репрезентација на…