Прекинувањето на натпреварувањата поради пандемијата од новиот коронавирус веќе доведе до финансиска криза во светскиот фудбал.
Сепак, оние најголемите и финансиски најсилни би требало без поголеми проблеми да го издржат она што се случува и што би можело да се случува во иднина. Еден од таквите клубови сигурно е Манчестер Јунајтед кој од поодамна е еден од најмоќните фудбалски клубови во Европа и светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред пандемијата да го направи своето тренерот Солскјер и „црвените ѓаволи“ имаа три мети за летниот преодниот рок, медиумите на Островот тврдат дека желбата на Солскјер не се променила.
Јунајтед сега се надева дека ваквите околности ќе ја намалат цената на нивните мети, но сега нема такви најави. Првата желба е Џадон Санчо, меѓутоа Борусија не брза да го продаде, па и понатаму инсистира на 120 милиони евра.
Тука е и Џек Грилиш, офанзивниот играч за врска на Астон Вила. „Црвените ѓаволи“ и понатаму се заинтересирани за капитенот на Вила, а за неговиот трансфер ќе биде неопходно да издвојат околу 80 милиони евра.
На крајот тука е и младиот Џуд Белингам, тинејџерот на Бирмингам. Иако е млад неговата цена е веќе висока – 50 милиони евра. Јунајтед сака да го доведе како влог за иднината, а прашање е дали Бирмингем ќе му ја намали цената.