Капитенот на репрезентацијата на Холандија, Арјен Робен, става крај на репрезентативната кариера откако „лалињата“ не успеаа да се изборат за пласман на Мундијалот на Светското првенство во 2018 година.
Холандија во вчерашниот натпревар во Амстердам ја совлада Шведска со 2:0, а двата погодоци ги постигна токму Робен, сепак оваа победа не беше доволна за пласман во Русија. На „лалињата“ во овој натпревар потребна им беше победа од седум голови разлика.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не беше лесно да ја донесам оваа одлука, но имам 33 години и морам да се сконцентрирам на мојот клуб“- изјави фудбалерот на Баерн Минхен.
Робен за државниот тим дебитираше во април 2003 година, одигра 96 натпревари и постигна 37 погодоци. Тој е четврти најдобар стрелец на Холандија, а оваа позиција ја дели и со Денис Бергкамп.
Робен беше дел од екипата која го освои третото место на Мундијалот во Бразил во 2014 година, како и дел од тимот кој во 2010 година беше поразен во финалето во Јужна Африка од селекцијата на Шпанија.