Дома Трансфер зона Крај на шпекуалциите: Ракитиќ во Брса до 2021 година!

Крај на шпекуалциите: Ракитиќ во Брса до 2021 година!

„Каталонски Спорт“, весник кој е многу близок до Барселона пренесува дека хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ постигнал договор за продолжување на соработката до 2021 година.

Ракитиќ, кој оваа сезона е во втор план кај тренерот Луис Енрике ја потврди верноста кон клубот и во наредните денови ќе потпише договор со Барселона до 2021 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Актуелниот договор на Хрватот истекуваше во 2019 година, а со новиот договор ќе заработува и значително поголема плата.

Со ова ќе се стави крај на шпекулациите за евентуалното заминување на Ракитиќ од „Камп Ноу“ бидејќи во изминатите месеци постојано се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…