Ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг даде согласнот за потпишување на нов договор со „граѓаните“, пренесуваат англиските медиуми.
Тоа ќе стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина бидејќи неговиот актуелен договор истекува за 18 месеци. Англискиот репрезентативец во неколку наврати го одбиваше договорот, но сега постигнал согласност за нов 5-годишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Скај Спорт“ агентите на Стерлиг ги договориле сите детали со раководството, а играчот ќе стави потпис на нов договор веќе следната недела.
Манчестер Сити го купи Стерлинг во 2015 година од Ливерпул за сума од 50 милиони фунти и од тогаш Англичанецот одигра 151 натпревар за „граѓаните“ на кои постигна 48 гола.
SKY SOURCES: Raheem Sterling verbally agrees new five-year contract at Manchester City. #SSN pic.twitter.com/2lmIsSr4EY
— Sky Sports News (@SkySportsNews) November 1, 2018
https://youtu.be/qHF7fEd-uIw