Дома Фудбал Англија Крај на сагата: Кутињо ги израдува сите фанови на Ливерпул!

Крај на сагата: Кутињо ги израдува сите фанови на Ливерпул!

Ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо денес стави крај на сите шпекулаци околу неговата иднина и стави потпис на нов петгодишен договор со тимот од „Енфилд“.

Договорот на 24-годишниот плејмејкер е за 5,5 години и тој станува најдобро платениот играч во клубот со заработка од 150.000 фунти неделно.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Ова се прекрасни вести. Тој е фудбалер од светска класа. Знае дека своите соништа и амбиции може да ги исполни тука во Ливерпул. Ова е големо соопштение“, изјави Јирген Клоп.

Кутињо блеска во дресот на Ливерпул и беше мета на многу европски гиганти, но Бразилецит одлучи да остане верен на англискиот гигант.

„Го потпишав новиот договор за да останам тука уште пет години бидејќи тоа за мене е голема чест. Уште од првиот ден бев пречекан со раширени раце и од клубот и од навивачите. Му благодарам на клубот за се што прави за мене“, истакна Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Општ хаос во Словенија: Финалето во купот заврши со тепачка!

Фудбалерите на Целје со триумф против Копер (4:0) го освоија Купот на Словенија и така дој…