Дома Фудбал Италија Крај на една ера: Марчело Липи кажа крај!

Крај на една ера: Марчело Липи кажа крај!

Легендарниот италијански стратег, Марчело Липи денес на 72-годишна возраст стави крај на својата богата тренерска кариера, откако една година остана без ангажман.

„Дефинитивно завршив со тренирањето. Доста беше. Можеби би можел да бидам корисен во други улоги, но ништо пред пролетта“, изјави Липи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Липи најголемите успеси го постигна во Јувентус каде беше тренер во два наврати и ја освои Лигата на шампиони со „старата дама“ во 1996 година.

Седеше уште на клупата на Интер, Наполи, а последниот ангаман му беше селектор на кинеската репрезентација.

Со италијанската репрезентација го освои Светското првенство во 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона со нов чекор кон привлекувањето на Бастони

Барселона направи уште еден чекор кон привлекувањето на централниот бек на Интер, Алесандр…