Дома Фудбал Репрезентации Крај на една ера: Данска остана без селектор

Крај на една ера: Данска остана без селектор

Каспер Хјулманд повеќе не е селектор на данската фудбалска репрезентација, откако поднесе оставка од таа функција.

По Европското првенство Хјумланд се сретна со челниците на Фудбалскиот сојуз на Данска и двете страни постигнаа договор за раскин на соработката.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хјулманд ја водеше Данска од 2020 година, а најголемиот успех го постигна на Европското првенство во 2021 година, кога Данците стигнаа до полуфиналето, каде беа елиминирани од Англија.

На неодамна завршеното Европско првенство Данска беше елиминирана во осминафиналето од домаќинот Германија (0:2), а претходно ја помин групата Ц со три нерешени натпревари против Словенија (1:1), Англија (1:1) и Србија ( 0: 0).

На Мундијалот во Катар избраниците на Хјумланд беа елиминирани во групната фаза. Мортен Вегхорст привремено ќе биде негов наследник до 2025 година. Ова значи дека тој ќе ја предводи Данска во Лигата на Нации каде што Данците се во група со Србија, Шпанија и Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…