Леброн Џејмс не го крие разочараувањата што управата на Кливленд е пасивна ова лето и смета дека тоа сигурно е е патот по кој треба да одат да ги симнат Вориорси од тронот.
Кливленд ова лето успеа да ги ангажира Џеф Грифин и Хозе Калдерон, продолжена беше соработката со Кајл Корвер и беше договорено пристигнувањето на Џеџи Осман, сепак американските медиуми пишуваат дека Леброн очекувал повеќе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој пред се беше разочаран што не беше обновен договорот со генералниот менаџер Дејвид Грифин и што Кливленд пропушти прилика да ги ангажира Џими Батлер и Џама Крофорд.
Наводно, двајцата играчи му потврдиле на Џејмс дека би сакале да бидат дел од Кливленд, но Минесота реагираше побрзо и ги доведе во своите редови.
Леброн смета дека рамнотежата на играчкиот кадар е таква што и во новата сезона во финалето ќе гледаме исти актери.