Како што пренесува португалската „А Bola“ првата ѕвезда на Реал Мадрид има препорака за управата на клубот.
Реал Мадрид не блеска оваа сезона, сепак „кралевите“ во овој момент имаат и големи проблеми со повредите и суспензиите, па јасно е дека неактивноста во летниот период беше лош потег на шпанскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во клубот пристигнаа само Дани Себалос и Тео Ернандез, но „кралевите“ вклучија и тројца фудбалери од младинскиот тим станува збор за Хесус Ваљехо, Ахраф Хакими и Борха Мајорал, но после првите неколку кола во шпанското првенство стана јасно дека Реал мораше да биде по активен во летниот преоден рок.
Она што сега се гледа како недостаок е еден квалитетен централен дефанзивец и еден играч за врска со дефанзивни карактеристики.
Првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо изгледа има решение и за двете позиции и тоа во само еден играч, а тоа Вилијам Карваљо од Спортинг.
Овој фудбалер веќе неколку сезони важи за еден од најталентираните во светот, но никако да го напушти Спортинг и да направи трансфер во поголем клуб, иако беше стандарден во репрезентацијата на Португалија со која стигна до титулата на Европското првенство.
Ова лето Вест Хем се обидуваше да го доведе, но клубот од Лондон не успеа да се договори со португалскиот клуб во врска со оштетата.
Финансискиот аспект за Реал не би требало да претставува проблем, желба кај самиот играч сигурно дека постои, а бидејќи е познато колкаво влијание има зборот на Роналдо во Реал не би било изненадување доколку овој фудбалер кариерата ја продолжи на „Бернабеу“.