Дома Фудбал Лига на шампиони Кој ќе го прекине првенството нема да игра во Европа!

Кој ќе го прекине првенството нема да игра во Европа!

УЕФА им се закани на Белгијците и на остатокот од континентот.

Најбогатите првенство Европа се упорни да ја продолжат сезоната и да спасат барем дел од финансискиот колач кој ги чека од ТВ првата. Оние посиромашните гледаат само како да ги минимизираат трошоците. Белгијците така веќе објавија дека официјално ја заврши сезоната и дека Клуб Бриж е новиот шампион, меѓутоа веднаш по објавата на нивната одлука стигна одговор од Нион.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


УЕФА им се заканила на Белгијците, но и на останатите дека би можела да им ја одземе можноста да заиграат во Лигата на шампионите наредната сезона ако оваа ја завршат побрзо.

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин, првиот човек на Европската асоцијација Андреа Ањели и Ларс-Кристер Олсон, претседателот на европските лиги ова предупредување го испратиле во заедничко писмо до сите 55 сојузи. Во него подвлекле дека сите лиги можат да ги искористат месеците јули и август за да ја завршат сезоната.

„Убедени сме дека фудбалот може да се продолжи во наредните месеци и веруваме дека секоја одлука на откажување од домашните шампионати во овој момент е прерана и неоправдана. Бидејќи учеството во натпреварувањата на УЕФА го одлучуваат спортските резултати во домашните првенства, прекинувањето би фрлило сомневање на регуларноста на сезоната. УЕФА ја задржува можноста да го разгледа правото на учество на клубовите во земјите каде што сезоната ќе се прекине“, стоело во дел од писмото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…