Дома Фудбал Италија Кој ќе го наследи Вентура? Четворица АСОВИ во игра

Кој ќе го наследи Вентура? Четворица АСОВИ во игра

Деновите на Џанпјеро Вентура се изброени на кормилото на италијанската репрезентација после фијаското кое го доживеаа „аѕурите“.

Како што е веќе познато Италија за прв пат после 60 години не успеа да се пласира на Светско првенство откако беше елиминирана од Шведска во баражот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Иако сосема нормално беше самиот Вентура да поднесе оставка уште синоќа, тој чека да го сменат за да може да земе бонус за предвремено раскинување на договорот.

Најавторитетниот весник „Газета дело Спорт“ четворица реномирани италијански тренери се во игра за да седнат на местото на Вентура.

Кандидат број 1 е Карло Анчелоти кој во моментов е слободен после отказот во Баерн Минхен. Вториот посакуван тренер е Антонио Конте, иако тој моментално е на кормилото на Челзи, сепак би сакал да се врати во Италија.

Другите две имиња се Макс Алегри и Роберто Манчини, кои веќе имаат ангажман во Јувентус односно Зенит.

Федерацијата е спремна да обезбеди многу поголеми средства за годишна плата на следниот селектор, кој најверојатно ќе добива 4 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крос за Ачерби: Би сакал повеќе тој да ме чува отколку германски овчар

Тони Крос, легендарниот играч од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, во својот …