Дома Фудбал Италија Кој ќе биде шампион ако Милан, Интер и Наполи завршат со ист број бодови?

Кој ќе биде шампион ако Милан, Интер и Наполи завршат со ист број бодови?

Милан, Наполи и Интер водат жестока битка за титулата во Серија А и ќе  биде исклучително интересно до самиот крај.

Милан и Наполи беа во пол-позиција, меѓутоа лошите резултати во претходните неколку кола му дозволија на Интер да биде прв фаворит за Скудетото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На шест кола до крајот Милан е лидер со 68 бода, Интер и Наполи имаат по 66, но „нероаѕурите“ имаат и натпревар помалку.

Сосема реална е ситуацијата два или три клуба на крајот да завршат со ист број на бодови, а тогаш се гледа меѓусебниот дуел.

Доколку трите клуба завршат со ист број на бодови, тогаш Милан ќе биде шампион, Интер на второто место, а Наполи на третото место.

Милан има подобар меѓусебен скор од Интер, а идентичен меѓусебен дуел со Наполи.

Доколку Интер и Наполи завршат со ист број на бодови, тогаш шампиони ќе бидат „нероаѕурите“ бидејќи имаат подобар меѓусебен скор од наполитанците.

Интересно ќе биде доколку Милан и Наполи завршат со ист број на бодови, бидејќи имаат идентичен меѓусебен скор (0:1 и 0:1), тогаш ќе одлучува гол разликата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…