Дома Фудбал Останато Кој ќе биде замената за Суарез? Барса има седум опции!

Кој ќе биде замената за Суарез? Барса има седум опции!

Барселона сигурно ќе купи напаѓач на лето, Луис Суарез полни 32 години и јасно е дека потребно е да се пронајде замена за долг рок.

Фото-роботот се знае, млад играч, кој веќе има искуство во силна лига и која постепено ќе го превземе местото напаѓач. Како што пишуваат медиумите во Шпанија, поточно „Mundo Deportivo“, седум имиња се на листата, скаутите на Барселона ги пратат подолу напишаните имњиа и еден од нив сигурно на лето ќе пристигне на „Камп Ноу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На листата се Каспер Долберг од Ајакс, Тимо Вернер за кого се заинтересирани и Баерн и Реал. Од шпанската лига се споменуваат Макси Гомез, наследникот на Суарез од Селта кој има клаузула од 50 милиони, како и Андре Силва кого Севиља ќе го откупи од Милан но и тешко ќе го продаде следното лето.

Листата ја затвораат Николас Пепе од Лил и Лука Јовиќ. Србинот игра за Ајнтрахт, но е фудбалер на Бенфика со кого Барселона мора да преговара. Напаѓач и лев бек ќе бидат приоритет за Барса, како и евентуален трансфер на уште еден играч за врска, а како што се пишува, од враќањето на Нејмар нема да има ништо, Дембеле ќе добие прилика, а во Барса веруваат дека ќе усепат да го отргнат од зависноста на видео игрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го сруши рекордот на Серхио Агуеро: Заигра професионален фудбал на 14 години!

Фудбалерот на Депортиво Риестре Матео Аполонио стана најмладиот професионален фудбалер во …