Дома Трансфер зона Кој шпански фудбалер веќе потпишал за Барселона?

Кој шпански фудбалер веќе потпишал за Барселона?

Каталонскиот гигант Барселона во летниот преоден рок ќе добие уште неколку засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе е познато дека дресот на клубот од „Камп Ноу“ ќе го носи Франк Кеси кој пристигнува од Милан како слободен играч. Барселона се поврзува со уште неколку фудбалери. Познатиот шпански новинар Хозе Педерол открива дека Барселона потпишала и со уште еден фудбалер, но не го откри неговото име.

„Барселона веќе потпиша со еден шпански фудбалер, меѓутоа не можам да ви го откријам името, се уште не е време за тоа“, истакна Педерол.

Веднаш започнаа шпекулации меѓу навивачите на Барселона за кој фудбалер се работи. Помеѓу играчите кои можат да бидат се: Карлос Солер, Хозе, Гаја, Алекс Грималдо, Фабијан Руиз…

Како и да е Барселона во секој случај ќе има неколку нови имиња во својот тим наредната сезона, а времето ќе покаже дали информацијата на Педерол е точна и ако е точна за кого се работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…