Неодамна беше објавен распоредот на натпревари во Серија А за новата сезона, а веќе на самиот почеток на сезона ќе имаме неколку интересни дуели.
Новата сезона започнува во сабота, 24. август, а одредени се и термините во кои ќе се одиграат натрепварите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Први, очекувано ќе играат шампионите Јувентус. Тие во првото коло гостуваат кај Парма, а тој натпревар ќе се одигра во сабота од 18 часот.
Вечерниот термин го носи натпреварот помеѓу Фиорентина и Наполи, додека во недела натпреварите исто така ќе бидат одиграни во два термини.
Од 18 часот ќе се сретнат Удинесе и Милан, а останатите парови ќе играат во терминот од 20:45 часот. Еден натпревар се игра и во понеделник од 20:45, а во него ќе се сретнат Интер и Лече.
Треба да се напомене дека дербито во 2. коло го играат Јувентус и Наполи, во сабота на 31. август од 20:45 часот, додека римското дерби помеѓу Лацио и Рома се игра во недела, 1. септември од 18 часот.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!