Дома Топ вести Кој клуб потрошил најмногу пари во историјата на Премиер лигата?

Кој клуб потрошил најмногу пари во историјата на Премиер лигата?

После 25 години од создавањето на Премиер лигата тамошните медиуми решија да пресметаат кој клуб потрошил најмногу пари за трансфери, откако беше формиран овој формат на лигата.

Сметките покажаа дека на прво место е Челзи. „Сините“ од Лондон потрошиле точно 1,7 милијарди фунти за нови засилувања од сезоната 1992/93 па се до денес. Се разбира, големите трансфери на „Стенфорд Бриџ“ започнаа со доаѓањето на Роман Абрамович на чело на клубот. Точната сума изнесува 1.715 242 236 фунти, во која се пресметани и зделките од ова лето, односно Аваро Мората, Тиму Бакајоко и Антонио Рудигер.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Манчестер Сити кој ова лето потроши преку 200 милиони фунти за нови засилувања е на второто место на табелата. „Граѓаните“ потрошиле точно 1.452 465 243 фунти на нови засилувања од формирањето на Премиер лигата па до денес. Кајл Вокер и Бенџамин Менди се најскапите засилувања на Гвардиола ова лето.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на третата позиција со потрошени 1.326 047 408 фунти. Најголемата инвестиција на „црвените ѓаволи“ ова лето е Ромелу Лукаку за кого беа платени 75 милиони фунти. Со овој трансфер Жозе Мурињо ја премина границата од 1 милијарда фунти кои Португалецот ги потрошил на нови играчи во целата своја кариера.

На четвртото место е Ливерпул кој иако ова лето не е меѓу најактивните на пазарот, сепак го сруши трансферниот рекорд на клубот со Мохамед Салах. Точната сума која ја потрошија „црвените“ во последните 25 години изнесува 1.284 222 928 фунти.

Потоа следуваат двата клуба од Лондон. Тотенхем е на 5-то место со потрошени нешто над милијарда фунти, па следи Арсенал кој потрошил точно 831 083 654 фунти.

Ова се 10-те клуба кој потрошиле најмногу во историјата на Премиер лигата:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…