Дома Фудбал Останато Косовскиот шампион исфрлен од Европа поради заразени со коронавирус

Косовскиот шампион исфрлен од Европа поради заразени со коронавирус

Шампионот на Косово Дрита од Гњилане и официјално со службени 0:3 го загуби натпреварот во претквалификациите во Лигата на шампионите.

Причината за елиминацијата на Дрита е тоа што во неговиот тим има неколкумина заразени со коронавирус. Тимот каде што тренер Адријан Нухии, а членови се македонски интернационалци како Адријан Цуцули, Дарко Тофиловски, Буњамин Шабани и Изари Емини имаше еден заразен, а на последното тестирање се покажал уште еден позитивен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа натпреварот нема да се игра Дрита е елиминирана, а Линфилд ќе оди во првото квалификациско коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сите детали од договорот на Седлоски: До јуни бесплатно ќе ја води Македонија!

Фудбалската репрезентација на Македонија тргнува во ново поглавје, откако по четиригодишни…