Дома Фудбал Италија Корона кризата го погоди и Јувентус: „Старата дама“ пријави огромна загуба

Корона кризата го погоди и Јувентус: „Старата дама“ пријави огромна загуба

Jувентус според финансискиот извештај кој го поднесе е во голема загуба.

Во работите со финансиите Јувентус има проблеми, а секако главната причина е пандемијата со коронавирусот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Клубот од Торино забележи минус од дури 89.7 милиони евра, а во однос на минатата година тоа е минус од 39 милиони евра.

Тоа покажува дека минусот од првата половина оваа година скоро и двојно да се зголеми, а она што е лошо за нив и за другите клубови е што кризата се уште трае.

Секако, причините се бидејќи изостануваат приходите од продажба на влезниви, но намалена е и сумата која Јувентус ја добива од спонзорите.

Јувентус вака им се придружи на Барселона, Милан, Челзи, Рома и уште некои клубови кои пријавија големи загуби во последните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работите за Барселона можат да се влошат по сведочењето на синот на Негреира

Вчера шпанскиот суд ги обнови сослушувањата по случајот „Негреира“, кој стана особено попу…