Поминаа 10 години од несреќата на Михаел Шумахер на скијањето на француските алпи, но и по една деценија нема конкретни детали за здравјето на поранешниот возач во Формула 1.
Многумина тврдат дека Шумахер е во вегетативна состојба, додека дел од пријателите откриваат дека легендарниот возач комуницира со семејството со помош на поглед и движење на рацете.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот поранешен агент и пријател, Вили Вебер го нападна семејството Шумахер и побара од Корина да ја каже вистината.
„Кога размислувам за Михаел, за жал немам надеж дека ќе го видам повторно. Не сум добил позитивни вести 10 години. Жал ми е што е ваква ситуацијата.
Требаше веднаш да заминам во болницата. Многумина ме прашуваат за неговото здравје, но немам информации. Се обидов да ја контактирам Корина, но не ми се јави“, вели Вебер.