Дома Фудбал Репрезентации Копа Америка: Бразил разочара, Хамес херој на Колумбија 🎥

Копа Америка: Бразил разочара, Хамес херој на Колумбија 🎥

Репрезентацијата на Бразил не започна на најдобар начин на Копа Америка и одигра само реми против Костарика 0:0.

По ваквото издание на Бразил сигурно ќе следат нови критики, непосредно пред турнирот славниот Роналдињо порача дека нема да ги гледа „Кариоките“ бидејќи е незадоволенм од изборот на играчи.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерите на Бразил изминатата ноќ еднаш ја затресоа мрежата, но голот на Маркињос беше поништен поради офсајд. Иако имаа 73.5% посед на топка шутнаа само трипати на гол. Костарика се бранеше со бункер и го зачува резултатот.

Ова реми на Бразил значи дека Колумбија со победата од 2:1 против Парагвај поведе во трката во групата „Д“. Херој на Колумбијците беше ветеранот Хамес Родригез. Најдобриот стрелец од Мундијалот пред десет години чија кариера ја обележаа повредите и менувањето клубови по заминувањето од Реал асистираше на Даниел Муњоз за водство, а десет минути подоцна неговото одлично нафрлување го искористи Лерм.

Хулио Енциско од Брајтон до крајот само ја намали предноста на ривалот. Во последните десетина минути имаше резултатска неизвеност, сепак Колумбија без поголеми проблеми ја зачува предноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …