Дома Фудбал Останато Копа Америка: Бразил има лесна препрека до полуфиналето!

Копа Америка: Бразил има лесна препрека до полуфиналето!

Вечер после полноќ не очекува и првиот натпревар од ¼ финалето на Копа Америка каде што силата ќе ја мерат селекцитие на Бразил и Паргвај.

Бразил: Примарната цел е остварена!

Мора да се признае дека Бразил не блеска на овој турнир кој се одржува во нивната земја, но барем ја остварија примарната цел, а тоа е пласман во нокаут фазата. Во првото коло многу потешко ја совладаа селекцијата на Боливија отколку што очекуваа. Немаше голови во првото полувреме, но сепак во вториот дел беа убедливи и победија со 3-0. Потоа следуваше дуелот против Венецуела, но за жал тука немаше голови и натпреварот заврши без победник. За  овој дуел, селекторот не може да смета на услугите на Касемиро кој е суспендиран поради втор жолт картон, па на него место очекуваме да излезе Фернандињо кој не е за потценување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Паргвај: Со многу среќа до четвртфинале

Паргвај веќе се пласира во ¼ финалето од Копа Америка, а да бидеме искрени, тие тоа не го заслужија. Имено, оваа селелкција во групната фаза во три кола не победи ниту еднаш, па поради тоа и не вреди да биде дел од ¼ финалето, но работите се такви какви што се. Иако во првото коло имаа предност од 2-0 против Катар, сепак на крај успеаа да примат два гола и натпреваро да заврши без победник. Второто коло им беше голем успех иако не победија, но ремизираа против силната Аргентина, а веќе во последното коло изгубија од Колумбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сер Алекс Фергусон „има порака“ за Рубен Аморим што да прави со Гарначо по заканите за бојкот

Рубен Аморим би можел да се одлучи за некои многу остри тактики кои ги користеше сер Алекс…