Дома Трансфер зона Конте ќе бара нова мета, Вест Хем му даде „корпа“ на Челзи

Конте ќе бара нова мета, Вест Хем му даде „корпа“ на Челзи

Aнтонио Конте изгледа нема да му успее во намерата да доведе една од своите посакувани желби.

Челзи е во потрага по напаѓач во зимскиот преоден рок, а англиските медиуми во последниот период пишуваа дека Енди Керол е една од нивните желби. Во Керол Конте гледа идеална опција за влез од клупата за резерви кој би можел да го промени текот на натпреварот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, според изјавата на помошник тренерот на Вест Хем, Керол ќе остане во Вест Хем.

„Дефинитивно се надевам дека Енди ќе остане наш фудбалер и после завршувањето на овој преоден рок. Ние не сме добиле никаква понуда, а клубот и онака не сака да се раздели со него, посебно не да го испраќа на позајмица. Таква зделка не би ни била од никаква корист“, изјави помошник тренерот на Вест Хем, Алан Ирвин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…