Потврдено е од страна на клубот дека ќе отсуствуваат подолг временски период, но приказната која стои зад повредите е навистина неверојатна.
Вест Хем има големи планови за оваа сезона, за тоа зборува и податокот дека доведоа пет одлични засилувања, но немаат намера тука да застанат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, покрај добрите вести, се појавија и некои лоши.
Имено, напаѓачот Енди Керол и дефанзивецот, Винстон Рид доживеа повреди и ќе мораат да одат на операција, се очекува да се вратат на терените за најмалку три месеци.
Керол го повреди зглобот, а Винстон Рид коленото.
И Мануел Пелегрини зборуваше за повредите на споменатиот двоец и колкав проблем е тоа за „чеканите“, а во медиумите во меѓувреме се појави информација дека Керол и Рид се повредиле враќајќи се се во хотелот после една луда ноќ.
Керол и Рид после пијаната ноќ се обиделе да влезат во хотелот незабележано преку терасата, Керол наводно паднал и заработил повреда на зглобот. Додека за тоа како се повредил Рид нема информации, но претпоставката е дека се работи за нешто слично.
Навистина бизарен начин да се заработи повреда посебно од ваков степен, доколку оваа приказната вистина, не можеме да кажаеме со сигурност, но во англиските медиуми на големо се пишува за ова.