Дома Фудбал Англија Керол со чудно признание: Летав на пат кон Ливерпул, а знаев само двајца играчи на тимот

Керол со чудно признание: Летав на пат кон Ливерпул, а знаев само двајца играчи на тимот

Oва лето Енди Керол во последниот ден од преодниот рок во Англија направи трансфер и се врати во неговиот Њукасл каде што и се прослави.

Керол со Њукасл потпиша договор на една година. Керол во овој момент е далеку од формата со која некогаш го носеше дресот на Њукалс, но Стив Брус верува дека Керол може барем до некаде да ја врати формата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њукасл Керол го напушти во 2011 година кога за сума од 35 милиони фунти премина во Ливерпул. Сега Керол откри еден интересен детал од тој период.

„Кога последен пат играв за Њукасл после тренинзите одев дома и се дружев со пријателите, фудбал на телевизија скоро и никогаш да не гледав. Поради тоа не знаев со кого ќе играм, противникот го дознавав во сабота на наутро. Работев напорно и знаев со која тактика треба да играме, но целосно бев на страна од она што се случуваше во фудбалот.“

„Кога трансферот во Ливерпул беше договорен со мојот менаџер летавме кон Ливерпул, а јас во тој момент знаев само двајца играчи на Ливерпул – Стивен Џерард и Џејми Карагер. Не ми текнуваше на ниту еден друг. Да, звучи лошо затоа што станува збор за познати играчи. Можеби изгледа како некое непочитување, но јас едноставно ретко гледав фудбал и не знаев кој кај игра“, изјави Керол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…