Антонио Конте неодамна имаше состанок со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви и му беа ветени неколку засилувања на лето.
Најголема желба на Конте е дефанзивецот на Интер, Бастони, бидејќи сака да ја засили одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бастони има договор до 2024 година, но е еден од најмалку платените фудбалери во тимот, а нема најави за продолжување на соработката.
Тотенхем му нуди 4-годишен договор и плата од 6,5 милиони евра, а е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.
Останува да видиме како ќе реагира Интер на оваа понуда, но интенцијата на „нероаѕурите“ е да ја задржат својата ѕвезда.
#Inter, #Conte vuole #Bastoni al #Tottenham: pronta offerta di 50 milioni#calciomercatohttps://t.co/maig6UaKvF
— calciomercato.it (@calciomercatoit) April 7, 2022