Интер постигна договор со дефанзивецот Алесандро Бастони за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.
Бастони на лето влегува во последната година од договорот и Интер брзаше што поското да ја продолжи соработката со дефанзивецот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После неколкумесечни преговори двете страни постигнаа договор и Бастони ќе стави потпис на нов договор до 2028 година.
Ова е одлична вест за „нероаѕурите“ бидејќи Бастони е еден од најважните играчи во тимот и после заминувањето на Скриниар се очекува да биде столб на одбраната.
🚨 Inter have reached an agreement with Alessandro Bastoni to extend his contract until June 2028.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 17, 2023
(Source: @MarcoBarzaghi) pic.twitter.com/gGcs7LLJ2L