Барселона синоќа со пресврт го совлада Интер на Камп Ноу со 2:1.
Тимот од Милано можеше да извлече подобар резултат. Гостите имаа водство со 0:1 и неколку одлични шанси, но шпанскиот првак на крајот со головите на Суарез славеше победа.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Тренерот на Нероаѕурите, Антонио Конте не беше задоволен од судиските одлуки на натпреварот и тоа одлучи јавно да го каже после натпреварот.
„После ваков натпревар можам слободно да кажам дека заслуживме повеќе. Ја ставивме Барселона на вистински тест, но мораше подобро да ги искористиме нашите шанси.“ – изјави Конте и додаде:
„Разочаран сум бидејќи некои работи се одвиваа на одреден начин. Многу од нив не ми се допаднаа уште од самиот почеток. Имав негативно чувство на клупата. Судијата влијаеше во развојот на натпреварот.“
„Судијата ме предупреди дека за секој нареден протест ќе ме исклучи. На нивните маици пишува ‘respect’ и само тоа го барав. Судиите мора да ги почитуваат тимовите кои доаѓаат во Барселона да играат фудбал. Почитувањето мора да биде двострано.“ – додаде Конте.
Интер во следното коло игра против Борусија Дортмунд и со пораз Нероаѕурите ќе бидат во многу незавидна позиција за пласман понатаму.