Дома Трансфер зона Конте со 30 милиони евра сака да доведе двајца играчи на Челзи

Конте со 30 милиони евра сака да доведе двајца играчи на Челзи

Челси ја одби понудата од 20 милиони евра за Емерсон Палмиери, но Интер планира да ја зголеми на 30 милиони доколку во трансферот биде вклучен и Оливие Жиру.

Емерсон е прв избор на Интер за позицијата на лев бек, но „Тутоспорт“ објави дека нема да биде ефтин затоа што Челси бара 30 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во секој случај, Интер повторно покажа интерес за Жиру и ќе се обиде да го убеди раководството на Челси да го пуштат Французинот.

И покрај тоа што потпиша нов договор, 33-годишниот напаѓач сигурно нема да биде прв избор на Франк Лампард бидејќи на „Стемфорд Бриџ“ ќе пристигне Тимо Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…