Дома Трансфер зона Конте сака да се ослободи од петмина до крајот на овој месец

Конте сака да се ослободи од петмина до крајот на овој месец

Италијанскиот тренер Антонио Конте се обидува на секаков начин да го крене Тотенхем на повисоко ниво и да го врати во Лигата на шампиони (ЛШ), а веќе смислува план заедно со Фабио Паратичи за нови засилувања.

Конте состави црна листа од фудбалери, кои би требало да заминат од клубот на крајот на преодниот рок, а тоа се Џовани Ло Селсо, Ндомбеле, Деле Али, Стивен Бергвајн и Брајан Хил.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ло Селсо не е во добри односи со Конте, па тој најверојатно ќе замине во Севиља, додека Али е желба на Њукасл, а има и уште неколку понуди. Ндомбеле, од друга страна, е желба на ПСЖ, а Бергвајн преговара со Ајакс.

Хил во минатото лето стигна во замена за Ерик Ламела, но не се прилагоди на екипата, па Шпанецот сега има неколку понуди да се врати во татковината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…