Дома Фудбал Лига на шампиони Конте: Оваа победа не остави во живот

Конте: Оваа победа не остави во живот

Фудбалерите на Интер синоќа на Џузепе Меаца ја победија Борусија Дортмунд со 2:0 во рамките на 3. коло во ЛШ, а после натпреварот видно задоволен беше тренерот Антонио Конте.

Италијанскиот стручњак вели дека оваа победа го оставила неговиот тим во живот кога во прашање е борбата за осминафиналето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Оваа победа не остави во живот, ја одржува надежта за пласман понатаму во доста тешка група. Среќен сум за моите играчи бидејќи претходната сезона работеле напорно за да изборат место во ЛШ.“

„Единствениот начин на кој можевме на вистински начин да го прославиме тој минатогодишен успех е победата вечерва. Исто така, на овој начин покажавме на самите себеси дека сме на вистинскиот пат.“

Интер моментално во групата Ф е на втората позиција со четири освоени бода. Исто толку на третото место има Дортмунд, но со послаба гол разлика. Барса е прва со седум, а Славија последна со еден бод. Во наредното коло Интер гостува кај Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Левандовски е минато: „Машината“ од Косово станува нова „деветка“ на Барселона!

Се чини дека Барселона ја најде замената за Роберт Левандовски. Тоа е напаѓачот на Хофенха…